петок, 8 мај 2026

Лазаров го скрати списокот за бараж двомечот за СП против Словачка

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за двомечот против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

На списокот на Лазаров има неколку промени во однос на претходните собири, а најголемо внимание привлекува отсуството на искусните Жарко Пешевски и Иван Галевски, кои овојпат не се најдоа меѓу избраниците на македонскиот селектор. На голманската позиција покрај стандардните Никола Митревски и Мартин Томовски, шанса доби и Васил Гогов од РК Вардар, кој ќе конкурира за место меѓу стативите на важниот двомеч.

Македонија првиот натпревар против Словачка ќе го одигра на 14 мај на гостински терен, додека реваншот е закажан три дена подоцна пред домашната публика.

Собирот на националниот тим е планиран за 10 мај во хотелот „Александар Палас“, каде репрезентативците ќе ги започнат подготовките за еден од најважните предизвици оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ