четврток, 30 април 2026

Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Словачка

Селекторот на македонската ракометна репрезнтација, Кирил Лазаров, објави список со 35 ракометари за бараж натпреварите против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Објавено на

часот

Сподели

На списокот на репрезентацијата повторно е Филип Талески, тој е еден од тројцата кои настапуваат во странство покрај Мартин Томовски и Мартин Карапалевски. Останатите играчи се од домашното првенство.

На списокот овојпат го нема Мартин Серафимов кој во меѓувреме замина од Алкалоид и потпиша за Пелистер за кој ќе игра од наредната сезона.

Првиот бараж меч против Словачка го играме на гости на 13 мај, четири дена подоцна е реваншот во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ