четврток, 23 април 2026

Словенија го доби дербито против Шпанија и го освои првото место во групата

Објавено на

часот

Сподели

Три од три за Словенија на Олимписките игри во Токио, Словенците групната фаза ја поминаа без пораз. Денеска го имаа најсериозниот испит и го положија.
 
Мечот не почна најдобро за Дончиќ, уште во првата четвртина направи три лични грешки па мораше да седне на клупата неколку минути пред да се врати, а кога повторно влезе во игра мораше да биде внимателен да не направи уште некоја.
 
Тоа го искористија Шпанците и во голем дел од мечот беа во водство, во првите минути од третата четвртина дојдоа и до 12 поени разлика, но кога дуелот требаше да се решава Словенците се кренаа и заигираа на повисоко ниво.
 
Во последнот период се влезе со водство за Шпанија од 70-68, Словенците завршниот период го одиграа многу подобро, го свртеа резултатот и на крајот славеа убедливо со 95:87.
 
Најефикасен кај Словенија беше Чанчар со 22 поени, Препелиќ постигна 15, одличен беше Тоби со 14 поени и 14 скокови, Дончиќ имаше 12 поени, 14 скокови и 9 асистенции. Во составот на Шпанија, Рубио постигна 18 поени, имаше и девет асистенции.
 
Четвртфиналните парови ќе бидат одредени со ждрепка, но Словенија со освојувањето на првото место во групата е носител и ќе добие условно полесен противник.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ