сабота, 25 април 2026

Причината поради која Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Мбапе цели кон врвот, сака да биде гледан како еден од најдобрите играчи кои се појавиле, но свесен е дека за такво нешто треба да освојува и големи клупски трофеи.

Титулите во домашното првенство кои ги има освоено со ПСЖ немаат некоја голема тежина ако се знае доминацијата на овој клуб во однос на останатите во Франција.

И покрај тоа што тимот на ПСЖ сега е полн со ѕвезди како Донарума, Нејмар, Ди Марија, Серхио Рамос… Мбапе не е убеден дека може да ја освои Лигата на шампионите.

Според „Л’Екип“ тоа е главната причина поради која сака трансфер во Реал Мадрид кој во изминатите години покажа дека знае како се освојува ЛШ. Плус тежината на трофејот во Примера е многу поразлична од онаа во Лига 1.

Мбапе има уште една година од договорот со ПСЖ и ако не стави потпис на нов договор, следното лето ќе може да си замине како слободен играч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ