петок, 24 април 2026

Мидлтон и Адетокумбо го предводеа Милвоки до израмнување против Феникс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По одиграни четири натпревари, Феникс и Милвоки максимално го користат домашниот терен. Сонцата синоќа беа блиску до брејк, но домаќините одиграа одлично во последниот период.
 
На стартот од четвртата четвртина Феникс имаше предност од девет поени разлика, но како одминуваше времето таа се топеше, тие 12 минути Милвоки ги доби со 33-21 и на крајот славеше со 109-103.
 
Мидлтон беше најефикасен во составот на Милвоки со 40 поени, одличен беше и Адетокумбо со 26 поени и 14 скокови. Најаефикасен на мечот беше Букер од Феникс кој постигна 42 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=q6l_Bj381U0 autoplay:0]
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ