На Словачка ѝ требаше победа од 16 поени разлика за да ја помине Швајцарија на табелата и да го освои второто место, токму тоа и се случи на денешниот натпревар.
Ние не смеевме да си дозволме пораз од 28 или повеќе разлика, па тешкиот пораз не беше и кобен за Македонија, целта е остварена.
Словачка ги доби сите четвртини, во последниот период двапат имаа водство и од 20 поени разлика, но во финишот успеавме да се совземеме и да не дозволиме да ни се случи сенационална елиминација.
Николов го одигра својот најдобар натпревар на овој турнир, постигна 17 поени, Мекиќ реализираше 16, Крстевски 15, а двоцифрен беше и Вајли со 14. Кај Словачка доминираа Фушек и Бродзиански, првиот постигна 23 поени, вториот 17.
Сите три селекции освоија по шест бодови, но поради подобрата кош разлика, Македонија и Словачка одат во квалификациите за СП 2023, Швајцарија може да жали, можеби тие не очекуваа ваков расплет на денешниот натпревар, но се случи најлошото сценарио за нив.






