сабота, 25 април 2026

ЛА Лејкерс прави моќен тим: Вестбрук им се придружува на Леброн и Дејвис

Објавено на

часот

Сподели

„Бомба“ во НБА, Расел Вестбрук по само една една сезона во Вашингтон, се враќа во родната Калифорнија и во иднина ќе игра во дресот на ЛА Лејкерс заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Неколку извори утрово пренесоа дека е договорена размена помеѓу „езерџиите“ и „волшебниците“ според која ЛА Лејкер ќе го добијат Расел Вестбрук и два пика (еден од 2024 и еден од 2024) а во Вашингтон ќе завршат Кајл Кузма, Кентавијус Колдвел Поуп, Монтрез Хeрел и пикот број 22 од овогодинешниот драфт.

Размената официјално нема да може да биде потврдена до 6. август, кога ќе биде познато со каков селари-кап ќе разполагаат тимовите за следната сезона, но Расел Вестбрук на социјалните мрежи веќе се збогува со Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ