Лука Дончиќ е првиот кошаркар во историјата кој ќе потпише „руки-супермакс“ договор, откако во првите три сезони, веќе два пати беше во идеалната петорка на регуларниот дел од сезоната во НБА.
Висока делегација на Далас, во која се најдоа сопственикот Марк Кјубан, генералниот директор Нико Харисон, тренерот Џејсон Кид, асистент генералниот директор, Мајкл Финли, специјалниот советник Дирк Новицки и првиот човек задолжен за здравјето и перформансите на играчите, Кејси Смит, синоќа пристигна во Љубљана за формално да ја понудат новата соработка од пет години „тешка“ 207 милиони долари.
Агентот Бил Дафи за ЕСПН потврди дека Лука Дончиќ го прифатил предлогот, денеска ќе стави потпис на документите и ќе одржи прес конференција.
„Ми се оствари сонот, кошарката ми понуди многу и ме однесе на неверојатни места. Благодарен сум и возбуден што ќе останам во Далас како дел од Маверикс и навистина ја ценам поддршката од фановите“ – се вели во дел од соопштението кое Дончиќ го доставил до ЕСПН.






