На Дончиќ му фалеа уште седум поени за да го урне рекордот на Бразилецот Оскар Шмид од 1988 година и да стане кошаркарот кој постигнал најмногу поени на еден натпревар на Олимписките игри.
Предноста на Словенија беше огромна, па Дончиќ беше повлечен од игра брзо во последната четвртина.
Тој бил свесен за можноста да го урне рекордот, соиграчите и тренерот му рекле да влезе и да го направи тоа, но тој не сакал. Рекол дека не игра за да руши рекорди.
„Решив да излезам од игра бидејќи сметав дека мојата работа е завршена кога ја осигуравме победата. Не сум тука за да бркам лични рекорди туку за да победувам со мојата репрезентација. Ако играв до крајот, тоа ќе беше дополнителен притисок за сите, вака излегов и рутински го завршивме мечот до крајот. Не ме интересираат рекорди“, изјави Дончиќ.
Јака Блажиќ потврди дека побарале Лука да се врати во игра, но самиот тој не сакал.
„Побаравме од тренерот да го врати Лука во игра, но самиот тој не сакаше да се врати. Негова цел не е да соборува рекорди туку да победува со репрезентацијата“, изјави Јака Блажиќ.






