сабота, 25 април 2026

Бадијала „трипл-дабл“ на Дончиќ, Батум со банана спречи финале за Словенија

Објавено на

часот

Сподели

Никола Батум се испречи пред сонот на Словенија за финале во Токио, бадијала беше и трипл-дабл учинокот на Лука Дончиќ.

Во драматичен натпревар, Франција стигна до победа од 90-89 и закажа битка со САД за златниот медеал на олимпискиот кошаркарски турнир.

Словенија успеа да се врати од 10 поени негатива во третата четвртина, успеа да надополни четири негатива во завршницата, имаше и напад за победа, Препелиќ тргна да положува но доби блокада од Никола Батум на две секунди пред крајот.

Лука Дончиќ забележа 16 поени, 18 асистенции и 10 скока но на крајот тоа беше залудно, ѕвездата на Далас сега ќе се прашува дали можеше да биде поинаку доколку тој превземеше одговорност и го завршуваше клучниот напад. Мајк Тоби натпреварот го заврши со 23 поени а Препелиќ запиша 17 поени.

Во победничкиот тим, Де Коло беше прв стрелец со 25 поени, Фурние имаше учинок од 23 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ