Федерацијата има право да побара суспензија на играчот доколку тој без причина одбива повик од репрезентацијата, но КФСМ нема да го направи тоа во случајот со Димитријевиќ.
„Кажавме на стартот дека нема да одиме на суспензии, сакаме играчите самоволно да дојдат да играат за репрезентацијата. Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував. Како личности, а и како федерација, мислам дека не заслуживме ваков однос од него“, вели Антиќ.
„Зборувавме со ФИБА, имаме дисциплински правилни и ќе постапуваме според него. Сакам да му посакам многу среќа на селекторот и на неговиот тим, со позитивната атмосфера што ја имаат бидејќи ја знаеме нивната цел“.






