сабота, 25 април 2026

Адетокумбо го исполни ветувањето од 2014, Милвоки стана шампион (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Милвоки со 4-2 ја доби финалната серија со Феникс и ја освои шампионската титула во НБА, првпат по 50 години.
 
Главната ѕвезда на Милвоки, Адетокумбо во 2014 година изјави дека нема да го напушти клубот додека не му ја донесе титулата, тој си отстоја на зборот и ја оствари таа цел.
 
Адетокумбо синоќа имаше брилијантна партија, ги постигна речиси половина од поените на неговиот тим. Милвоки даде 105 поени, а негови беа дури 50.
 
Тој беше прогласен за МВП во финалната серија.
 
Натпреварот беше изедначен, со нерешен резултат се влезе во последните 12 минути, но во нив Милвоки беше подобар и на крајот засужено дојде до победа од 105-98.
 
Адетокумбо покрај 50те поени, имаше  14 скокови, најдобар во составот на Феникс беше Крис Пол со 26 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=08UBCMsYJIQ autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ