петок, 1 мај 2026

Жесток состанок во Манчестер јунајтед: Меѓусебни обвинувања и многу замерки за Солшер!

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ се во криза, имаат дури три порази на последните четири натпревари во Премиерлигата, последниот особено болеше, Ливерпул триумфираше на Олд Трафорд со убедливи 0-5.

Притисокот врз Оле Гунер Солшер e голем, многумина сметаат дека стратегот треба да добие отказ, но раководството на Манчестер јунајтед се уште има доверба во него.

Според пишувањата на Тајмс, Оле Гунар Солшер свикал состанок по поразот од Лестер и побарал од играчите искрено да кажат што мислат и да дадат совет како да се подобри формата. Весникот открива дека имало меѓусебни обвинувања и многу замерки за Норвежанецот.

Еден фудбалер имал замерки за одлуката на Солшер да го именува Хари Мегваер за капитен. Друг пак го нападнал тренерот за изборот на тимот и прашал зошто оние кои играат лошо не се преселуваат на клупата и шанса да добијат други, односно оние кои тренираат напорно. 

Имало и фудбалер кој обвинил дел од соиграчите дека не се доволно мотивирани на тренинзите. 

Тајмс додава дека играчите на Манчестер јунајтед се уште имаат почит за Оле Гунар Солшер но многумина од нив веруваат дека Норвежанецот не е на нивото на Клоп, Гвардиола или Тухел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ