петок, 1 мај 2026

Законот важи за сите: Роналдо треба да урива доградба и тениско игралиште во вилата вредна 3 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо можеби е најпознатиот Португалец, но локалните власти не сакаат да му прогледаат низ присти. ЦР7 добил рок до март 2022 да урне доградба и тениско игралиште во својата луксузна вила вредна речиси 3 милиони евра во околината на Жереш, на северот од Португалија.

„Кристијано Роналдо ни презентираше проект кој побара да биде одобрен и изгради имот за кој дадовме дозвола. Но исто така градел и надвор од дозволата, не се работи за нешто големо, но е нелегално“ – вели градоначалникот Мануел Тибо.

Ова не е прв пат Кристијано Роналдо да добие наредба за рушење, фудбалерот на Манчестер јунајтед претходно имаше проблеми со пентхаусот кој го купи во Лисабон за околу 7 милиони евра, напаѓачот тогаш без дозвола реши да го уреди кровот по свој мерак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ