понеделник, 4 мај 2026

Во драматичен меч со седум голови, нов пораз за Леванте и Барди (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Еспањол поведе уште во 6. минута од натпреварот со гол на Дардер, но само пет минути подоцна Де Фрутос изедначи на 1-1.

Во 26. минута Сон реализираше за комплетен пресврт и водство на Леванте од 2-1. Со тој резултат се замина на полувремето.

По четири минути игра во вториот дел, Де Томас го изедначи резултатот на 2-2, но само осум минути подоцна Моралес го врати водството на Леванте.

Потоа следуваше шоу на Пуадо кој погоди во 60. и 76. минута за нов пресврт на мечот и победа на Еспањол од 4-3.

Енис Барди беше стартер на овој меч и во игра остана до 84. минута кога беше заменет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ