Пристигна официјална потврда за она што беше познато со недели, Џиџо Донарума е ново засилување на ПСЖ. Голманот се сели во Париз како слободен играч откако му заврши договор со Милан на 30. јуни.
„ПСЖ со задоволство може да го соопшти пристигнувањето на Џиџо Донарума. Голманот од Италија стави потпис на петгодишен договор и се обврза кон клубот до 30. јуни 2026 година“ – гласеше известувањето.
За новата авантура, Џиџо Донарума рече: „Многу сум среќен што станав дел од овој голем клуб. Подготвен сум за овој нов предизвик, верувам дека тука ќе забележам напредок во кариерата. Сакам да освојам што е можно повеќе трофеи и да им донесам радост на навивачите“.
Џиџо Донарума е третото квалитетно засилување на ПСЖ за беспари ова лето откако „светците“ претходно потпишаа со Џини Вајналдум и Серхио Рамос. Во Парис исто така пристигна и Ашраф Хакими, но за него беа платени 70 милиони евра.






