Иван Тричковски можеби го одигра последниот меч за Македонија, тој денеска постигна и гол, но му беше поништен поради офсајд.
„Ова е едно искуство посебно за сите нас, за жал го завршивме на овој начин, но кога ќе земеме една целина, мислам дека сите треба да бидеме горди на тоа што го направивме досега. Оваа репрезентација, овие момци го заслужуваат тоа. Ова младина што ја има во репрезентацијата е иднината на македонскиот фудбал“, изјави Тричковски.
„Можеби се ќе беше поинаку ако не им го признаеа голот, тоа беше еден мал детал, но можеби да беше и пресуден. Среќен сум што дојдов тука, што можев на оваа возраст да играм на едно Европско првенство, нешто за што сум сонувал“.






