Тотнем е фаворит за потписот на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.
Влаховиќ игра во фантастична форма и го привлекува вниманието на големите клубови. А Тотнем е најблиску до неговиот потпис.
Според италијанските медиуми, Фиорентина би можела да го продаде Влаховиќ за 70 милиони евра, засега Тотнем нуди 50 милиони евра плус бонуси.
По поразот во Комјунити шилд од Лестер, и вчерашниот од Тотнем во Премиерлигата, Манчестер Сити се очекува дополнително да притисне за ангажман на Хари Кејн.
Се верува дека следната понуда на Сити за Кејн ќе биде 150 милиони евра. Тотнем со помалку од половина од тие пари ќе може да го купи Влаховиќ и да донесе солидна замена за Кејн.
Остануваат уште две недели од преодниот рок, па наскоро се очекува да биде и дефинитивно позната иднината на Кејн.






