Преку реални сценарија била извршена проверка на оперативните процедури, комуникацијата и меѓуинституционалната соработка. Вежбата овозможила идентификација на одредени аспекти за понатамошно унапредување, со цел зајакнување на системот за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.
„Дирекцијата за радијациска сигурност ја нагласува важноста на ваквите активности како клучен сегмент во градењето на ефикасен и координиран одговор при потенцијални ризици. Истовремено, се потенцира значењето на континуираната обука и соработка помеѓу сите релевантни чинители“, се наведува во соопштението на ДРС.

Од ДРС велат дека дирекцијата останува посветена на обезбедување висок степен на заштита на населението и животната средина, преку постојано унапредување на националниот систем за безбедност.






