Манчестер Сити беше сериозен фаворит во овој дуел, но Тотнем успеа да ги одбрани налетите на гостинот, да постигне еден гол преку Сон и да дојде до трите бода.
Сити тргна фуриозно, во првите 15 минути се играше само пред голот на Тотнем, но како одминуваше времето домаќинот успеа да воспостави контрола.а
Клучниот момент се случи по десет минути игра во вториот дел кога Сон по една индивидуална акција постигна гол за 1-0 кој беше доволен за победа.
Манчестер Сити имаше шанси преку Торес, Грилиш и Де Брујне да го израмни резултатот, но не успеа.






