Горан Пандев денеска го игра последниот натпревар за Македонија, на трибините на „Јохан Кројф“ Арената една наша навивачка извади парола: „Ти благодарам Гранде Пандев!!! Те молам само уште една година“.
Веројатно оваа жалба е на сите македонски навивачи, но Горан Пандев рече дека неговото тело вели поинаку. Мечот со Холандија ќе биде неговиот последен за Македонија.







