Манчестер Сити се помачи за да дојде до трите бода од дуелот со Вулвс иако цело полувреме играше со играч повеќе.
Во судиското продолжение од натпреварот Раул Хименез направи глупост и за неполна минута успеа да добие два жолти картони по што го остави Вулвс со играч помалку. Најпрво направи фаул, а потоа од непосредна близина ја блокираше топката кога Сити го изведуваше фаулот.
Во 66. минута Рахим Стерлинг од пенал успеа да постигне гол и да ја донесе победата за Манчестер Сити.






