понеделник, 4 мај 2026

Спалети за стартот врз Елмас: Не сакам да зборувам, веќе ме суспендираа

Објавено на

часот

Сподели

Наполи на домашен терен загуби од Емполи со 1-0, а Елиф Елмас поради повреда не го доигра мечот.

Македонскиот репрезентативец беше повреден од фудбалер на Емполи при еден обид да ја шутне топката во шеснаесетникот на гостите.

Судиите не ни помислија да свирнат пенал, а Спалети имаше реакција по мечот.

„Елмас заработи удар во ногата и тоа прилично голем и очигледен“, вели Спалети.

„Веќе ме суспендираа, па нема што да кажам за ова“, со насмевка прокоментира тренерот на Наполи кој предвреме беше пратен на трибините од страна на судиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ