недела, 3 мај 2026

Шокантни слики од грбот на Данџума во пресрет на дуелот против Аталанта во Лигата на шампиони

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите користат најразлични третмани за да ги надминат повредите, а голгетерот на Виљареал, Арно Данџума се реши за капинг терапија.

Третманот го користат и други елитни спортисти како Карим Бензема, и тој треба да им помогне да се подобри циркулацијата на неколку стратегиски точки на телото и на тој начин да се забрза процесот на опоравување.

Капинг терапијата е техника од традиционалната кинеска медицина со која треба да се подобри „Чи“ (тек на витална енергија) циркулацијата со помош на вакумски чашки кои се ставаат на телото на пациентот.

Арно Данџума, кој се покажа како одлична инвестиција на трансфер пазарот, во последно време се мачи со повреди и има ограничена минутажа, напаѓачот се надева дека ќе може да помогне против Аталанта во клучниот меч за продолжување на настанот во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ