петок, 1 мај 2026

Шок за Јувентус во Торино, Сасуоло победи во 95. минута!

Објавено на

часот

Сподели

Проблемот со реализацијата кој го има Јувентус, денеска се покажа како кобен. Пред овој меч старата дама на пет натпревари по ред постигнуваше по еден гол, така беше и денеска, со таа разлика што прими два.
 
Пред крајот на првото полувреме Фратези постигна гол за водство на Сасуоло од 1-0. Во вториот дел Јувентус тргна кон израмнување и до него дојде во 76. минута со гол на Мекени.
 
Јувентус тргна по сите три бода, а тоа остави простор за контра напади на гостите, во 95. минута по една одлична асистенција од Берарди, Лопез мајсторски со лоб даде гол за победа на Сасуоло од 2-1.
 
Аталанта со пресврт со 3-1 победи на гостувањето кај Сампдорија. Капуто во 10. минута донесе водство за домаќините, а седум минути подоцна Асклдсен си даде автогол за 1-1. Запата погоди за пресврт, а Иличиќ во 95. минута го постави конечниот резултат.
 
Удинезе и Верона завршија нерешено 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ