недела, 26 април 2026

Севиља убедлива против Рајо Ваљекано, Ламела му даде два гола на Димитриевски (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот на Рајо Ваљекано се одлучи сезоната да ја почне со Лука Зидан на голот, а да го остави Димитриевски на клупата. Таа одлука се покажа како погрешна.

Лука Зидан имаше една лоша проценка во 16. минута, грешката сакаше да ја исправи со фаул, но доби директен црвен картон и беше досуден пенал за Севиља. Димитриевски влезе во игра, но не успеа да го одбрани пеналот на Ен Несри.

На овој меч Ерик Ламела дебитираше за Севиља, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и постигна два гола за конечна победа од 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ