Жозе Мурињо успеа да го донесе напаѓачот кој сакаше, Португалецот со неколку телефонски разговори го убеди Абрахам да ја напушти Англија и да се пресели во Рома.
„Рома со задоволство може да го потврди ангажманот на англискиот фудбалер Тами Абрахам“, се вели иво соопштението на Рома.
„Абрахам потпиша петгодшен договор со клубот со трајност до 30. јуни 2026 година“.
Рома веднаш ќе плати 5 милиони евра, а останатите 35 милиони ќе ги плаќа на рати.
Во договорот има и „бајк-бек“ клаузула според која Челси ќе може да го врати Абрахам за 80 милиони евра. Клаузулата стапува на сила од јуни 2023 година.
Платата на Абрахам ќе биде околу 4-5 милиони евра по сезона.






