На Партизан му беше важно да не го загуби мечот во Белград и тоа се случи. Ремито против Анортозис беше доволно за остварување на целта.
Миловановиќ во 20. минута донесе водство за Партизан, Кристодополус во 33. минута израмни на 1-1.
Гент како прв оди во осминафиналето од Конференциската лига, а Партизан како втор ќе игра во 1/16 финалето од ова натпреварување.
Рома со 3-2 победи на гостувањето кај ЦСКА Софија и благодарение на ремито меѓу Зорја и и Бодо/Глимт го освои првото место во групата и оди директно во осминафиналето од Конференциската лига.
Два гола за Рома во Софија постигна Абрахам, еднаш погоди Борха Мајорал.






