Поради големиот број на позитивни фудбалери на ковид-19, Тотнем синоќа информираше дека нивниот меч против Рен ќе биде одложен.
УЕФА немаше официјално соопштение, па Рен се побуни и го цитираше правилникот кој вели дека ако клубот има 13 играчи кои можат да настапат вклучително и голман меѓу нив, тогаш мечот ќе се игра.
Сепак, УЕФА денеска пресече, го одложи мечот, па Рен мораше да се помири со судбината.
Рен соопшти дека мечот е одложен, денеска денеска тимот се враќа од Лондон и се насочува кон домашните обврски.
Клубот испрати длабоко жалење и извинување до фановите на Рен кој отпатуваа во Лондон за овој натпревар.






