понеделник, 4 мај 2026

Реал Мадрид игра во голема форма, победа над Атлетико во градското дерби (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид реди победи во Ла Лига и полека ги елиминира конкурентите од трката за титулата иако има уште многу до крајот.
 
Вечерва тимот на Карло Анчелоти одигра одличен меч и го победи Атлетико Мадрид со 2-0.
 
Резултатот беше отворен уште во 16. минута кога по асистенција од Винисиус Жуниор, Бензема постигна убав гол за водство од 1-0.
 
Во 57. минута Винисиус уште еднаш се најде во улога на асистент, овојпат додаде до Асенсио кој зголеми на 2-0 што беше и конечен резултат.
 
Реал Мадрид е прв со 42 бодови, има осум повеќе од Севиља која има и меч помалку. Атлетико Мадрид е на четвртото место со 29 бодови и исто така натпревар за доигрување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ