петок, 1 мај 2026

ПСЖ направи пресврт против Лил откако Меси излезе од игра (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На овој меч не играше Мбапе поради болест, па Покетино во стартната напаѓачка тројка ги стави Меси, Нејмар и Ди Марија.
 
Резултатот го отвори Лил кога во 31. минута по асистенција од Јилмаз, Давид постигна гол за водство од 1-0.
 
На полувремето во соблекувалната остана Меси. Сѐ уште не се знае дали поради повреда или тренерска одлука.
 
Во 74. минута, Ди Марија асистираше до Маркињос кој се најде на вистинското место и погоди за 1-1.
 
А во 88. минута самиот Ди Марија даде гол за комплетен пресврт и победа од 2-1 на ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ