Атлетико Мадрид требаше да го добие противникот со кој ќе се комплетираше третиот осминафинален пар во Лигата на шампионите.
Џорџо Маркети на својот помошник му рече дека Атлетико Мадрид не може да се падне со Ливерпул кој е од неговата група и со Манчестер јунајтед кој веќе е извлечен.
Но, не беше така, Манчестер јунајтед не беше извлечен во тој момент, па мораше да биде опција за Атлетико Мадрид.
Помошникот по инструкциите од Маркети, не зема топче од садот на Манчестер јунајтед и ја елиминира можноста англискиот клуб да го добие Атлетико Мадрид.
Потоа следуваше уште еден кикс кој не беше толку важен. За противник на Виљареал му беше извлечен Манчестер јунајтед, а тоа не смееше да се случи со оглед на тоа дека и двата тима играа во иста група. Па извлекувањето беше преновено и жолтата подморница го доби Манчестер Сити за противник.