ПСЖ имаше брилијантен преоден рок, успеа да ги ангажира Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, дури четворица од нив како слободни играчи.
Слична шанса му се отвора и на Флорентино Перез, три ѕвезди со кои Реал Мадрид се поврзува стануваат слободни идното лето. Тоа се Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо и Пол Погба.
Се верува дека Реал Мадрид уште ова лето ќе се обиде да донесе еден од овие фудбалери. Прв пик е Мбапе, но се ќе зависи од желбата на Ал Келаифи да го продаде Французинот.
Ако не успее во намерата да го купи Мбапе, Фабрицио Романо тврди дека Реал Мадрид ќе проба да го ангажира Роналдо.
Без разлика дали ќе успее да донесе една од двете ѕвезди во овој преоден рок, следното лето му се отвора шанса на Перез да направи дрим-тим поради тоа што ќе може да ги ангажира тројцата играчи без обесштетување, само со добри договори.
Флорентино Перез е креатор на легендарниот галактикос тим на Реал Мадрид во кој играа Бекам, Роналдо, Фиго, Зидан, Роберто Карлос… па претседателот на кралскиот клуб сигурно помислува на нова таква авантура, особено откако ПСЖ го направи тоа ова лето и се стави во центарот на вниманието.






