понеделник, 4 мај 2026

Пандев и Шевченко никако да се израдуваат на победа, пораз во големото градско дерби од Сампдорија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Џенова никако да излезе од кризата во која се наоѓа, Сампдорија се чинеше како противник по мерка за такво нешто, но Шевченко запиша нов пораз.
 
Горан Пандев го одигра целиот натпревар, имаше една шанса за гол, но не успеа да реализира.
 
Со два гола на Габиадини и еден на Капуто, Сампдорија до 67. минута водеше со 3-0.
 
И откако го прими третиот гол, дури тогаш се разбуди Џенова, почна да создава шанси, Дестро намали на 3-1. Следуваа и две стативи, но не успеаа да се спасат од пораз во финишот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ