Кога Лео Меси потпиша со ПСЖ, навивачите на „светците“ побрзаа да купат дрес од Аргентинецот. Он-лајн продавницата за кратко време остана без залихи, а пред фан-шопот имаше километарски колони.
Низ медиумите веднаш почнаа да кружат гласини, се шпекулираше дека се рушат рекорди откако за 7 минути биле продадени 150.000 дреса од Лео Меси, околу 832.000 дреса во првите 24 часа, а потоа и преку милион дресови.
Се пишуваше дека ПСЖ заработил стотици милиони евра, но очигледно ситуацијата не е таква.
„Лудо е да се вадат вакви бројки. Да, трендот на продажба беше феноменален, но далеку сме од 1 милион продадени дресови. Трансферот на Лео Меси беше направен многу брзо, не можевме да предвидиме толку голем интерес, па затоа залихите брзо се продадоа. Без разлика кој ни е партнер за опремата, дали Најк, Адидас или Пума, сите имаат ист пристап кон производството и бројот на дресови кои се пушваат во продажба. Не сме магионичари“ – вели директорот Фабиан Алегр.






