Барселона е во потрага на нов напаѓач по одлуката на Кун Агуеро да стави крај на кариерата поради здравствени причини и Единсон Кавани е прво име на листата со желби.
Новинарот Жерард Ромеро пренесе дека „каталонците“ на Уругваецот му нудат договор со должина од година ипол, и ги открива деталите.
До јуни месец напаѓачот ќе заработува 3,5 милиони евра, плус еден додатен милион во бунуси кои ќе зависат од неговите перформанси.
Следната сезона, неговите примиња ќе бидат 4 милиони евра, плус додатни 1,5 милиони евра во бонуси кои кои ќе зависат од перофмрансите на Единсон Кавани и успесите на Барса.
Доколку се соберат сите суми, станува збор за соработка од 18 месеци вредна 10 милиони евра.






