Тотнем веќе не ги одигра мечевите против Рен во Конференциската лига и против Брајтон во Премиерлигата, а нема да може да настапи ниту против Лестер.
Тотнем има пријавено осум позитивни фудбалери на ковид-19 и пет лица од персоналот.
И Лестер има неколку позитивни фудбалери на коронавирус, но нивниот претходен меч не го одложија иако тие побараа тоа да се случи.
Покрај мечот меѓу Лестер и Тотнем, беше одложен и дуелот меѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед, а од исти причини не се одигра ниту дуелот меѓу Барнли и Ватфорд.






