Гостите успеваа да оддолеваат на домашните напади до 31. минута кога Бонавентура постигна гол за водство од 1-0. Со тој резултат се замина на одморот.
По шест минути игра во вториот дел Влаховиќ зголеми на 2-0, а во 84. минута српскиот напаѓач постигна уште еден гол за 3-0 и крај на сите дилеми околу победникот.
Точка на мечот стави Малех кој во 90. минута го постави конечниот резултат од 4-0.






