Пред натпреварот тренерот Микел Артета рече дека капитенот Обамејанг не е во тимот поради прекршувања на дисциплинскиот кодекс на тимот.
Тој не навлезе во деталите, но медиумите ја открија причината за неговото отсуство.
Обамејанг на ден пред натпреварот со Саутемптон заминал во Барселона да си направи тетоважа и пропуштил тренинг на Арсенал.
Обамејанг откако го потпиша новиот богат договор со Арсенал, престана да ги испорачува игрите кои фановите беа навикнати да ги гледаат од него.
Тој се чини дека го следи примерот на Месут Озил кој истото така откако потпиша богат договор со Арсенал падна во формата до степен на непрепознатливост.
Но и покрај тоа што игра лошо, очекувате од вашиот капитен барем да се однесува професионално и да биде пример за останатите. Обамејанг не само што не покажува никаква грижа на совеста, тој прави работи од кои може да се види дека веќе не му е гајле за Арсенал.
According to reports, the reason why Aubemayang has been disciplined by Arsenal is because he flew to Barcelona to get a tattoo the day before a game and missed training ? pic.twitter.com/UGyDt1ywfr
— ODDSbible (@ODDSbible) December 11, 2021






