Како што и му посака Жозе Мурињо, Андриј Шевченко го загуби својот прв натпревар во клупската тренерска кариера.
Шевченко му ја даде капитенската лента на Горан Пандев кој беше стартер и остана еден час во игра, до тој момент немаше голови.
Рома имаше посед, доминираше, во 16. минута Мхитарјан постигна и гол, но ВАР го поништи поради игра со рака на Абрахам.
Во 75. минута Мурињо го направи клучниот потег, во игра го внесе 18. годишниот Афена Џан за кого ова беше само трет нецел меч во Серија А.
Само седум минути откако влезе во игра, по асистенција од Мхитарјан, Феликс Афена Џан со својот деби гол во Серија А донесе водство на Рома од 1-0.
Во 94. минута нов блесок на младиот фудбалер, постигна прекрасен гол од далечина за победа на Рома од 2-0.






