Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност и дневни температури од 18 до 25 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






