сабота, 2 мај 2026

Охрид ќе игра европско финале, македонскиот тим ја доби драмата со Целје

Охрид на пенали го доби Целје по неверојатна драма во салата „Билјанини извори“, во регуларниот тек македонскиот тим победи со 25-24, а потоа нашиот состав беше подобар изведувач од седмерците и ќе игра во финалето од Европскиот куп.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија пак ќе има финалист во Европскиот куп, Охрид првпат во историјата ќе игра за континтентален пехар.

Охрид и Целјке одиграа неверојатно драматичен меч, ниту една екипа не се одлепи на повеќе од два гола разлика, за среќа крајот беше како што посакуваа навивачите на охридскиот тим.

Целје почна со 2-0, но Охрид брзо ја анулираше негативата и до крајот на првиот дел се менуваа двата тима во водство, на одморот се замина со 11-11.

Во вториот дел неизвесноста продолжи, ниту една екипа не успеваше да создаде ниту два гола предност. Тоа му успеа на Охрид во последните секунди од натпреварот кога поведе со 25-23, но на две секунди пред крајот Целје успеа да намали на 25-24 и да се избори за пенали. Вкупниот резултат од двата меча беше нерешен.

Охрид ја доби пенал серијата со 4-3 и ќе игра во финалето од Европскиот клуб каде противник ќе им биде Татабања за која настапува Филип Талески.

Херој на охриѓани беше голманот Филиповиќ кој имаше 12 интервенции, одличен беше и Јасихура кој беше најефикасен со осум голови, Стрмљан постигна седум, најдобар кај Целје беше Периќ со седум голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ