петок, 24 април 2026

Мурињо го доби првото засилување, Руи Патрисио е нов голман на Рома

Објавено на

часот

Сподели

Рома ги откри и деталите за трансферот на Патрисио кој е првото засилување за Мурињо во римскиот клуб.
 
„Клубот со задоволство може да соопшти дека потпиша со португалскиот интернационалец Руи Патрисио“, стои во соопштението на Рома.
 
„Тој доаѓа за сума од 11,5 милиони евра. Договорот вклучува и бројни бонус клаузули зависни од индивидуалните перформанси на играчи и успесите на клубот“.
 
„Патрисио потпиша тригодишен договор со трајност до 30 јуни 2024 година“.
 
Руи Патрисио е возбуден поради новиот предизвик.
 
„Рома е голем клкуб и нов предизвик, возбуден сум што ќе можам да му помогнам на тимот да ги оствари целите. Жозе Мурињо е еден од најголемите тренери во светот и возбуден сум што ќе почнам да работам со него и ќе направам се што можам за да му помогнам на тимот“, изјави Руи Патрисио.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ