понеделник, 4 мај 2026

Младите ѕвезди на Арсенал испишаа историја, Лидс немаше никакви шанси (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Десеткуваниот Лидс вечерва немаше шанси против Арсенал, избраниците на Артета стигнаа до убедлива победа од 1-4.

Се беше решено уште во првото полувреме, Мартинели два пати ја тресеше мрежата а погоди и Сака за предност од 0-3 на паузата.

Рафиња од пенал постигна почесен гол за Лидс во 75. минута, за Смит Роу пред крајот да ги постави конечните 1-4.

На оваа средба, Мартинели, Сака и Смит Роу испишаа нова историја на Арсенал, „топчиите“ за прв пат имаа тројца различни играчи до 21 година во листата на стрелци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ