Поради големиот број на фудбалери заразени од ковид-19, Тотнем побара да не го одигра мечот со Рен, а УЕФА дозволи тоа да се случи.
Но, Европската куќа на фудбалот сега има проблем да најде термин кој ќе им одговара и на двете екипи.
Згуснатиот распоред на сезоната си го прави своето, па УЕФА соопшти дека мечот нема да се одигра, а каков ќе биде резултатот ќе се решава на „зелена маса“.
Едно е сигурно, во една таква ситуација не може да му се додели победа на Тотнем, а тие само со победа ќе стигнеа до второто место кое ги носи во нокаут фазата од Конференциската лига.
Иако официјално не е соопштено, јасно е дека Тотнем ќе биде елиминиран од Европа.






