Македонските ракометарки имаа задача во финалето да го победат Исланд кој немаше пораз. Натпреварот го почнавме лошо, првиот гол го дадовме во шестата минута, но дотогаш и Исланд не реализираше многу, беше 3-1.
Се вртивме и до крајот на првиот дел беше изедначено, ниту еднда селекција не се одлепи со повеќе од два гола разлика, на одморот се замина со нерешени 12-12.
Исланд и второто полувреме го почна со водство, но брзо се вративме, го свртевме мечот и ние бевме тие кои водат, а исланѓанките бркаа. Во самиот финиш поведовме соо 26-23 и тука стана јасно дека ќе победидме. Конечниот резултат беше 27-26 за Македонија.
Најдобра беше Теодора Дукоска со 11 голови од 14 обди, седум постигна Емилијана Ризоска, а пет Бојана Коцева.






