недела, 3 мај 2026

Македонија ЃП го победи Работнички на негов терен

Објавено на

часот

Сподели

Македонија Ѓорче Петров добрата форма ја потврди и на Арената „Тодор Проески“ каде го совлада Работнички кој никако да заигра според очекувањата ниту со новиот тренер.
 
Ѓорчепетровци со голови на Воша во првото полувреме и Адем во вториот дел имаа предност и од 2-0. Работнички успеа само да намали преку Ристовски.
 
Шкупи со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Борец. Два гола даде Адетунџи, а еден Ѓорѓиевски.
 
Чаирскиот тим на зимската пауза оди со седум бода предност пред Академија Пандев која денеска со гол на Бихорац со минимални 1-0 го совлада Пелистер.
 
Шкендија со гол на Гури во 69. минута го победи Скопје со 1-0.
 
Синоќа Брегалница со 3-1 го совлада Тиквеш во Кавадарци.
 
Мечот меѓу Струга Трим Лум и Ренова е одложен за 14 декември поради снег на теренот.
 
Табела:
 
1. Шкупи 42
2. Академија Пандев 35
3. Шкендија 34
4. Брегалница 29
5. Ренова 27 (-1)
6. Македонија ЃП 27
7. Струга ТЛ 23 (-1)
8. Работнички 22
9. Скопје 20
10. Тиквеш 15
11. Борец 12
12. Пелистер 5
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ