вторник, 28 април 2026

Лудо второ полувреме со четири погодоци на Енфилд, Салах со гол за кој долго ќе се зборува (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот натпревар од 7. коло во Премиерлигата, Ливерпул и Манчестер Сити одиграа возбудливо реми. По 45 минути без погодоци, „црвените“ и „граѓаните“ приредија спектакуларно второ полувреме со четири погодоци.

Резултатот беше отворен по еден час игра, Салах одлично повлече, убаво го проигра Мане кој погоди за 1-0. Десет минути подоцна пристигна одговорот на гостите, Жесус доби повеќе простор, му асистираше на Фоден, кој по земја го матираше Алисон за 1-1.

Во 76. минута од мечот, Салах приреди мала мајсторија, Египјанецот најпрво се ослободи од Бернардо Силва, потоа го измеша и Лапорт за со десна да ја затресе мрежата на Едерсон за 2-1.

Сепак, пет минути подоцна, Де Брајне прецизно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-2 и поделба на бодовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ