Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека во продавница во Чаир, откако жена украла неколку производи ја турнала вработената и ѝ упатила закани.
Според информациите, осомничената најпрво украла неколку производи, а потоа со агресивно однесување се обидела да избега. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
А, СВР Штип поднесе кривична пријава против 31 годишниот штипјанец Т.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојничка кражба и ,тешка кражба.
„На 19 април 2026 година со употреба на погоден предмет, пријавениот извршил кражба во куќа во Штип, при што одзел пари. На 21 април 2026 година, пријавениот извршил кражба и во друга куќа и одзел пари. Откако бил затекнат од сопственикот Е.Ш. му се заканил и успеал да побегне“, се наведува во билтенот на МВР.
Тетовската полиција пак, поднесе кривична пријава против И.И. поради сомнение за сторено кривично дело телесна повреда.
Според полицијата, на 16 март тој физички ја нападнал сопствената сопруга.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.П. за кривично дело загрозување на сигурноста.
„На 7 март, преку социјална мрежа, тој испратил пораки со навредлива и заканувачка содржина до 18-годишна девојка од Кочани“, соопштија од МВР.
Во Скопје, пак, 25 годишната М.Д. пријавила дека синоќа околу 20 часот била физички нападната од 61-годишната Ј.Д. Од МВР информираа дека работат на целосно расчистување на случајот.
Уште еден случај на закани бил пријавен и во Центар, каде Г.Б. од Скопје пријавил дека на градилиште каде се изведувале градежни работи, му биле упатени закани од лицето Д.С. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.






