вторник, 28 април 2026

Промовиран протокол за лица без државјанство – подобра координација, здравствена заштита и правна сигурност

Во Скопје денеска беше промовиран протоколот за лица без државјанство, со кој институциите воспоставуваат системски и координиран пристап за решавање на новите случаи, како и за унапредување на пристапот до основни права, вклучително и здравствена заштита. Протоколот е резултат на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и има цел да стави крај на ад хок решенијата и административните празнини.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека станува збор за историски чекор во справувањето со проблемот на бездржавјанството.

„Ова е важен, можеби и историски чекор за нас. Министерството за внатрешни работи има одговорност кон сите луѓе што престојуваат или живеат во државата, особено кон оние што со години се соочуваат со административни пречки. Со поддршката на Мисијата на ОБСЕ направивме значајна работа. Протоколот што ќе биде формализиран ќе ја унапреди меѓуинституционалната соработка, ќе дефинира јасни чекори и ќе овозможи системско, а не ад хок решавање на проблемите“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека прашањето за бројот на лица без државјанство со години не било целосно затворено, но дека со новиот протокол се воспоставува механизам за институционален и долгорочен пристап.

Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека протоколот има директно значење за здравствениот систем и за пристапот до здравствени услуги за лицата без државјанство.

„За нас, здравјето значи многу. Се грижиме за сите – за граѓаните на нашата држава, но и за оние што не се формално граѓани или немаат завршени административни процедури. Лицата без државјанство не смее да останат без здравствена заштита и во моментот кога ним им е потребна услуга, ние сме тука таа да биде обезбедена навремено и квалитетно. Како Министерство за здравство, задоволство ни е што одиме чекор напред и што овие процедури, конечно, ќе бидат административно завршени – и од техничка и од протоколарна гледна точка, во соработка со Министерството за внатрешни работи и сите релевантни засегнати страни“, рече Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ